Претседателот на Косово, Хашим Тачи потврди денеска лично дека против него е покренато обвинение од Специјалното обвинителство во Хаг и дека поради тоа оди во Хаг и поднесува оставка на местото преседател. Тој додал дека во Хаг оди доброволно.
Официјална потврда од Специјалното обвинителство нема. Додека судот не ја објави таа информација останува дилемата дали Тачи на овој начин го надитрил судот за да избегне приведување.
Оставката на местото претседател ја објаснил со желба пред судот да не се појави како претседател, објави Танјуг.
За да го заштитатам интегритетот на Косово, со почит кон пријателствата со меѓународната заедница, поднесувам оставка. Многу сум горд на одговорноста која ја имам“, рекол Тачи.
Ги повикал сите политички сили да не ја продлабочуваат кризата и да ја сочуваат смиреноста.
Comments are closed for this post.