Папата Франциск (83) апелираше денеска до сите верници да ги слушаат советите на здравствените работници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, поради што се забранети јавни собири во Ватикан.
Официјален Ватикан минатата недела објави дека папата забранил собири, додавајќи дека мисите во иднина ќе се одржуваат без присуство на верници.
Поглаварот на Римокатоличката црква донесе таква одлука откако едно лице кое присуствувало на миса на 21 октомври е заразено со коронавирус.
Истовремено, утврдено е дека 13 швајцарски гардисти, кои биле ангажирани во Ватикан да го чуваат папата, се инфицирани со Ковид-19.
Comments are closed for this post.