Пандемијата нема брзо да биде ставена под контрола.
Германскиот вирусолог Кристијан Друстен не очекува брза нормализација. Според него, сигурно е дека пандемијата нема да стивне до Велигден.
Ова го изјави Друстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг”, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но само ако сега успееме да го контролираме ширењето на коронавирусот”.
Тој препорачува секој од нас да се однесува како да е заразен и обратно – да се третираат другите како да се заразени.
Вели дека од особено значење во борбата против коронавирусот е зголемената употреба на брзи тестови.
Германија е во карантин. Во земјата од денеска се на сила новите мерки против коронавирусот.
Сите ресторани, барови, клубови и дискотеки се затвораат. Истото важи и за театрите, оперите, концертните сали и кината. Германците имаат право да се сретнат надвор само со едно друго домаќинство, а туристичките патувања се забранети.
Училиштата и градинките се отворени.Овие мерки се очекува да бидат во сила најмалку до крајот на месецов.
Во Германија над 10.000 луѓе починаа од коронавирусот. Во светот има 1.2 милиони смртни случаи поради вирусот.
Comments are closed for this post.