УЕФА им изрече казни на српскиот селектор, Љубиша Тумбаковиќ и Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС). Европската куча на фудбалот соопшти дека Србите го прекршиле протоколот пред натпреварот со Унгарија, во Лигата на нации.
Репрезентативците на Србија доцнеле на почетокот на натпреварот, поради што ФСС ќе мора да плати 20.000 евра, а селекторот нема да може го предводи тимот на еден натпревар. Покрај тоа Тумбаковиќ ќе мора да уплати и 5.000 евра во казата на УЕФА.
Според УЕФА, селекторот бил виновен што неговите фудбалери доцнеле на почетокот на мечот.
Интересно, УЕФА не прецизира на кој меч ќе треба да ја одработи својата казна српскиот селекор, односно дали казната важи за натпревар во Лигата на нации.
Србија на 12.ноември го игра најзначајниот натпревар оваа година, баражот против Шкотска за пласман на Европското првенство. Три дена подоцна Србите ќе гостуваат кај Унгарија во Лигата на нации.
Comments are closed for this post.