Почнаа со брусилица прејдоа на чкртaње. Власта продолжува со ретуширање на историјата за и се додвори на Бугарија да се смилува да дозволи да почнеме преговори со ЕУ.
Деновиве на неколку табли од периодот на Втората светска војна на кои се оддава почит на народноослободителните херрои е исчкртан делот кој го извршил нивното убиство.Па така на таблата на херојот Блаже Ристовски стои дека загинал во скопскиот затвор во 1942 година од бугарскиот окупатор.
На сличен начин е осквернавена таблата која датира од 1965 година. На неа пишува дека на тоа место во 1905 година го обесила војводата од Илинденското востание Александар Турунџев.
Под него стои пак дека битолската партизанска организација извела акција против бугарскиот фашистички окупатор. Токму тој назив „фашистички окупатор“ им пречи на Заев и СДСМ и затоа мора да се брише.
Ова не е првпат власта да се обидува насила да ја менува историјата. Уште во 2015 година во Струмица беше искрернавен споменикот на Благој Јанков Мучето. Тогаш власта посегна со брусалка да го избрише „бугарскиот окупатор“.
Comments are closed for this post.