Миле Талески, на 15-ти мај рече Наќе Чулев (МВР) е крив за 17 заразени и 2 починати во денот и побара веднаш да си даде оставка. Истиот тој, сега пратеник од Прилеп, седи во удобна фотеља и не бара оставка ниту од Спасовски, ниту од Филипче, реагира на фејсбук пратенокот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Денес кога имаме над 800 новозаразени дневно и за жал по 15-20 починати од Ковид19, а Македонија е неславен рекордер по стапката на смртност во регионот, мегафонот од Прилеп седи во удобна фотеља и не бара оставка ниту од министерот за внатрешни Спасовски, ниту од министерот за Корона-статистика Венко Филипче! Тешка хипокризија!, напиша на неговиот фејсбук Милошоски, споделувајќи видео пресот на неговиот колега.
Comments are closed for this post.