По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити.
Си замина еден голем Вардарец, еден од основачите на Комити и еден од најголемите навивачки умови на овие простори. Последен поздрав до нашиот другар Гокси. Вечно ќе биде запаметен. Нека почива во мир…“, напишаа неговите другари од навивачката група на Вардар.
Костадиновски подолг период од својот живот беше дел и од „Сити Парк Бојс“, каде што долго време беше идеен креатор на паролите кои оваа група ги истакнуваше на средбите на Работнички во последната деценија од минатиот и првата деценија од овој век.
Comments are closed for this post.