Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека од денеска почнуваа најригорозните мерки за заштита од короната бидејќи бројот на заболени нагло почна да се зголемува. Ова ќе важи на територијата на целата земја, со исклучок на областа во Баварија Rotal-Inn каде мерките ќе важат од утре. Критично е и во Аусбург каде има 200 заболени на 100.000 жители.
Што ова конкретно значи
Посети се дозволени само по едно семејство во домот. Градинките и училиштата засега остануваат отворени.
Рестораните ќе работат само за достава или за земање но нема да има седење.Хотелите ќе работат само за нетуристички нужни ноќевања.
Фитнес центри, казина, базени, спортски сали, кафулиња, дискотеки, бордели, театри се затвораат.
Фризерските салони остануваат отворени но не и салоните за масажа. Маркетите пак ќе смеат да примаат по еден клиент на на 25 метри квадратни .
Comments are closed for this post.