Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека СДСМ и Заев го обвинувале поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за зголемениот број на новозаразени, а во овие моменти СДСМ и Заев не бараат оставка од Оливер Спасовски и Венко Филипче кога бројката веќе не излезена од контрола.
СДСМ пред изборите бараше одговорност и оставка од Наќе Чулев (МВР), за кого тврдеа дека е крив што дневно имаше по 30-40 новозаразени и по 2-3 починати пациенти од Ковид19.
Денес Заев молчи за МВР, и кога во еден ден имаме вознемирувачки 560 новозаразени и за жал трагични бројки од 22 починати наши сограѓани дневно.
Сега СДСМ за лошото менаџирање на Ковид19 пандемијата не бара ни одговорност, ни оставки од МВР Оливер Спасовски, ниту од министерот за здравство Филипче.
Дури ни кога се организира погреб на Ковид-позитивен коалиционен партнер на Заев, со 300 присутни и со полициска придружба.
Но, ситуацијата не е под контрола.
Народот е загрижен, здравствениот систем може да колабира. Затоа веќе не е време за хипокризија, време е за оставки, стои во неговиот пост на Фејсбук.
СДСМ пред изборите бараше одговорност и оставка од Наќе Чулев (МВР), за кого тврдеа дека е крив што дневно имаше по…
Posted by Antonio Miloshoski on Sunday, October 25, 2020
Comments are closed for this post.