На вработените во ЈНУ Институт за филм – филмска академија – Охрид сè уште не им е исплатена платата за месец септември и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 15 идниот месец, обвинува ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска наместо да ги решаваат проблемите во образованието тие создаваат нови. Пратеничката од власта, Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт воопшто не презема никакви мерки за исплаќање на задоцнетите плати на вработените. – велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ бара итно да им биде исплатена задоцнетата плата за месец септември на вработените во Филмската академија.
Comments are closed for this post.