Во 58. година од животот почина прославениот Француски голман и воедно и репрезентативец на оваа земја, Бруно Мартини. Тој беше дел од стручниот штаб на Монпеље каде што беше тренер на голманите, а причината за смрта е срцев удар. Истиот му се случил за време на тренинг минатата недела, бил хоспитализиран, а потоа и починал во болница по неколку дена.

Тој во својата играчка кариера најмногу мечеви одигра токму за тимот на Монпеље како и во дресот на Оксер. За Франција бранеше на 31. меч.