Бомби се откриени во домот на Бил и Хилари Клинтон во предградие на Њујорк, како и во канцеларија на Барак Обама.
ФБИ рече дека сомнителен пакет бил пронајден кај Клинтонови. Експлозивната направа е откриена од техничко лице кое ја скенира поштата на Бил и Хилари, изјавија официјални претставници.
Тие додадоа дека направата била слична како таа што во понеделникот ја открија во близина на домот на милијардерот Џорџ Сорос.
Извори наведуваат дека станува збор за импровизирана експлозивна направа.
Истрагата соопшти дека по откриените експлозивни направи наредена е темелна истрага, но засега нема никакви информации за какви било траги кои би посочиле кој ги испратил пратките со бомби.
Некои медиуми посочуваат дека Сорос е цел на десничарски организации како и тоа дека стои зад бранот мигранти кои се движат кон Америка.
Comments are closed for this post.