Полицијата ги објави деталите од тешката сообраќајна несреќа во Нова Градишка во која автомобил проби ѕид од куќа и заврши внатре, а возачот загина.
Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на раскрсницата на улиците Славча и Људевит Гај.
Полициските службеници со увид утврдија дека до сообраќајната несреќа дошло кога 40-годишниот возач, управувајќи го сопственото возило, поради неприлагодена брзина, поминал покрај видно поставениот знак „Стоп- задолжително запирање“ па потоа низ раскрсницата, слетал од колникот и удрил во ѕидот на семејна куќа, сопственост на 61-годишник, објаснуваат од бродско-посавската полиција.
Užas u Novoj Gradiški: Zabio se automobilom u kuću i poginuo https://t.co/IeRhSdj4KS pic.twitter.com/5llLGB10Uf
— 24sata (@24sata_HR) October 20, 2020
Од силината на ударот возилото го пробило ѕидот на семејната куќа и завршил во внатрешноста на домот. Во таа прилика во споменатата куќа немало луѓе. Возачот на автомобилот смртно настрадал на самото место.
Prometna nesreća u Ul. Ljudevita Gaja Nova Gradiška pic.twitter.com/9tReTtXFbR
— Bernard Kumić (@BernardKumic) October 19, 2020
Comments are closed for this post.