Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги повика граѓаните да ги ограничат контактите и да носат заштитни маски поради големиот број нови инфекции со коронавирус, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се избегне карантин.
Сите мора повторно да спречиме целосно запирање на јавниот живот – со ограничување на контактите, откажување од големи приватни состаноци и забави“, рече канцеларот во видео пораката, објавена на Фејсбук. Курц ги предупреди граѓаните да се подготват на „исклучително тешки времиња“, со ограничувања, итни мерки и откажувања.
Comments are closed for this post.