Лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ), Петрит Васили, денес го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека е одговорен за даночна евазија од бизнисот со коцкање. Сумата што тој ја изнесе е вртоглава – 1 милијарда евра.
Според Васили, податоците на Министерството за економија и за финансии за годишниот обрт во бизнисот со коцкање никогаш не бил поголем од 150 милиони евра, додека, пак, премиерот објави дека Албанците годишно на коцкање трошат 700 милиони евра.
Во моментов, според Васили, од даноците од игрите на среќа во државната каса годишно легнуваат 50 милиони евра. Но, тој посочува дека според податоците изнесени од премиерот годишно даноците треба да изнесуваат 250 милиони евра. Според неговите пресметки, тој обвини дека годишно во буџетот недостигаат по 200 милиони евра, односно за пет години колку што е Рама премиер, сумата на избегнати даноци е една милијарда евра.
Comments are closed for this post.