Првиот претседател Фрањо Туѓман лично се заложил Жељко Ражнатовиќ Аркан да биде пуштен од затворот Рементинец крај Загреб. Тоа се случило во 1990 година. Но, Туѓман тоа не го направил од сожалување туку затоа што гардата на командантот го киднапирала внукот од ќерка на хрватскиот претседател, пишува „Република.рс“.
Внукот го однеле на Фрушка Гора и го држеле се додека со безбедносните служби на Хрватска не било договорено Аркан да биде ослободен.
Дека ова е вистина доказ е и тоа тоа што ден по пуштањето, Аркан се појавува на 13 мај на мечот Динамо-Црвена Звезда на Максимир кој не се одигра поради инциденти.
Comments are closed for this post.