Заврши дводневната средба на македонските и бугарските историчари

Незначителен напредок за учебниците, договор за Гоце Делчев нема, има нови идеи

16.10.2020 / 18:36


Со незначителен напредок за учебниците и без договор за Гоце Делчев штотуку заврши дводневната работна средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, што по пауза од 10 месеци се одржа во Скопје.

На заедничката прес-конференција копретседателот Драги Ѓорѓиев изјави дека е постигнат договор во делот на учебниците, но дека се уште има многу за да се дојде до суштински договор.

Ѓорѓиев додаде дека не е постигнат конкретен договор за Гоце Делчев, но оти имало нови идеи,а за какви не соопшти. Тој, по дводневната средба на комисијата, рече и дека се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.

-Сиво е и облачно со дожд, на моменти со малку сонце, што значи дека имаме многу мал напредок, но претставува основа за понатаму, нагласи од своја страна копретседателот на бугарскиот дел од комисијата, Ангел Димитров, додавајќи исто така дека нема успех во преговорите за прашањето за Гоце Делчев.

Тој истакна дека политичарите имаат своја патека, но оти историчарите се експерти, нагласувајќи дека во Комисијата не се водат преговори, туку научна дискусија врз основа на аргументи.

Димитров најави дека до крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата, зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор. Димитров рече и дека е направен чекор напред во врска со празнувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, празникот што Бугарија сака да го прогласи за бугарски.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Oсмани им го донел веќе изготвениот француски предлог на „Бихаќка“ да го ѕирнат (ВИДЕО)

пред 18 часа
Македонија

Mицкоски: И во животот и во политиката немате втора шанса за прв впечаток

пред 2 дена
Македонија

Интервју на премиерот Мицкоски во Њујорк

пред 3 дена
Македонија

Швајцарскиот селектор за тревата на „Градски“, Македонија за бодовите

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Преку 250 милиони денари се инвестира во проекти во Радовиш

пред 3 дена
Македонија

Премиерот од ОН: Довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска, правилата мора да важат за сите

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Вештачката интелигенција веќе не е иднина, туку инфраструктура на сегашноста

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

пред 4 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски се сретна со хрватскиот колега Пленковиќ

пред 6 дена
Македонија

Фон дер Лајен во Скопје ќе донесе нов документ за постепено проширување?

пред 6 дена
CasibomjojobetjojobetcasibomcasibomcasibomCasibomcasibomcasinoroyaljojobetjojobetjojobet girişjojobet girişjojobet girişHoliganbet girişHoliganbetcasibomcasibomsekabetjojobet