Македонија в недела во 3 часот ќе премине од летно на зимско сметање на времето, соопшти Бирото за метрологија. Во 3 часот, стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад и да покажуваат 2 часот.
Инаку, Европската комисија на 31 август годинава соопшти дека по обемната јавна анкета, најголемата по број на одговори на интернет од која било ваква анкета на ЕК досега дека дури 75 отсто од 4,6 милиони испитаници биле да престане ваквата промена на времето.
Законската рамка е веќе готова и се очекува наскоро да биде усвоена од Европскиот парламент. Таа предвидува последното поместување на стрелките на часовникот поради премин на ново сметање на времето да се случи на 28 март 2021 година.
Comments are closed for this post.