Најавата на Зоран Заев дека поради корона вирусот Владата ќе работи онлајн и оти тоа му го прпорачува и на Собранието помина незабележително. Прво во кое својство Заев како извршна власт бара или препорачува Собранието кое е законодавна власт да работи електронски.
На власта и е совршено јасно дека мнозинство со 62 пратеници не е мнозинство, а уште помалку стабилно. Згора на тоа сега имаме двајца пратеници позитивни на корона со што бројката се намалува.
Затоа залудни се најавите на Заев дека Собранието може да работи онлајн и дека пратениците од дома и по „папучи“ ќе штанцаат закони.
Собранието едноставно не може да одлучува без физичко присуство на пратениците и доколку тоа се направи се кршат неколку члена од Уставот.
Членот 69 вели дека Собранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.
Покрај Уставот, оваа идеја е спротивна и на собранискиот Деловник. Членот 95 став 1 вели декаСобранието може да одлучува ако на седница присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници.”, а во истиот член, но став 2 вели: “Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, освен ако со Устав не е предвидено посебно мнозинство.
Затоа на парламентарното мнозинство е тоа кое треба да обезбеди услови за нормално функционирање на Собранието е на да чекаат од опозицијата да го пополнува бројот за да се дојде до неопходниот 61 пратеник за почеток на седница.
Comments are closed for this post.