Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на денеска ќе ги утврди новите цени на горивата во земјава, кои ќе траат во следните седум дена.
Стандардно, секој понеделник РКЕ ги утврдува цените на дериватите, но овој пат, истите ќе бидат утврдени денеска бидејќи 12-ти октомври понеделник беше неработен ден.
Со последната одлуа дизелот поскапи за 0,5 денари, а бензинот поевтини за 1,5 денари, па во моментов горивата се точат по следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 59,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 61,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 50,00 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 50,00 (денари/литар)
Comments are closed for this post.