Кон горната граница на исполнетост се приближуваат капацитетите на Клиниката за инфективни болести во Скопје, пишува „Дојче веле“. До вчера таму биле хоспитализирани 95 пациенти. Иако се очекува денеска дел од оздравените да заминат, поради зголемениот раст на нови случаи позитивни од Ковид-19, не може да се предвиди за колку време ќе се пополнат двесетината до триесет преостанати болнички легла. Кога тој капацитет ќе се исполни до максимум, новите случаи ќе се примаат во модуларната болница која е поврзана со Инфективната клиника, а во неа има 130 кревети за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти.

Во почетокот на пандемијата властите декларираа дека македонскиот здравствен систем на располагање има повеќе од 1.000 болнички кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус: во Клиниката за инфективни болести и модуларната болница, во ГОБ „8 Септември“, во инфективните одделенија во повеќе општини, во Институтот за белодробни заболувања во Козле, во депандансот на Министерството за труд и социјална политика во Демир Капија, како и понудените капацитети од приватните болници.

 

Целиот текст овде.