Македонија е во „историски миг“, а одлуките што ќе ги донесе ќе бидат важни и за регионот. Словенија искрено и сериозно ја поддржува Македонија на патот кон евроатланските интеграции“, рече денес словенечкиот вицепремиер и шеф на дипломатија, Миро Церар, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Никола Димитров.
Шефот на македонската дипломатија изрази задоволство што Церар својата прва билатерална посета ја прави токму во Македонија.
-Словенија ни е близок пријател, таа е и добар модел за Македонија, особено што станува збор за прагматична земја, рече Димитров, кој најави дека наскоро ќе биде отворена новата амбасада на Република Словенија.
Церар рече дека „во Словенија се цени дека консултативниот референдум не го исполни основниот правен темел за да биде важечки, но оти резултатот донесе убедлив извештај за да продолжи процесот за уставни измени“. Според Церар, процесот во Собранието е легитимен.
ккакТој потенцираше дека Словенија очекува Македонија да ги почне претпристапните преговори годинава.
На прашање на ПресингТВ што Словенија направи и што жртвуваше во однос на словенечкото малцинство, конкретно за сегашните проблеми на Словенците во Австрија, Церар рече дека членките во ЕУ полесно ги решаваат проблемите. Тој потврди дека било покренато прашањето за употребата на словенечкиот јазик, но и дека тоа прашање привремено е успешно решено.
Минатата недела претседателот на Австрија Александар ван дер Белен на безбедносниот самит во Белград рече дека проблеми постојат и меѓу членките на ЕУ, а притоа го издвои проблемот со Коринтстките Словенци.
Comments are closed for this post.