Премиерот Зоран Заев побара разбирање за новите мерки за заштита од вирусот и повика како што се почитуваат барањата на уметниците и на различни економски сектори, да се почитува и мислењето и предлозите на Комисијата за заразни болести зашто се во интерес на заштита на здравјето на сите граѓани.
Свесни сме дека е важен и економскиот дел и егзистенцијата на уметниците кои настапуваат во угостителските објекти, но, сепак, здравјето е доминантно и Владата ја донесе одлката заради здравјето на граѓаните. Бројките растат, доаѓа зима, сите треба да бидеме дополнително внимателни, рече Заев во врска со мерката за забрана за настап на пејачи во угостителски објекти, додавајќи притоа дека помош ќе има и никој нема да биде оставен и заборавен.
Владата вчера дискутирала, додаде тој, и за можноста не само парично да се казнува, туку и да се затвори угостителски објект кој нема да ги почитува мерките и дека таа надлежност може да ја имаат инспекторатите или МВР.
Comments are closed for this post.