Оваа година ѕвезда на фестивалот „Киненова“ е актерката Бранка Катиќ, која на вчерашната прес – конференција се вклучи во живо.
Таа во својот говор вели дека навистина верува дека треба да не поврзува нешто во што навистина сме добри и да учиме од другите, да сме отворени кон другите размислувања и други агли на гледање на нештата, отколку постојано да мислиме, ние сме најдобри, никој не е добар како нас и затоа сите ни се непријатели.
Таа вели дека не можеш да го игнорираш општеството во кое живееш и според она што во него навистина се случува.
За мене би било потполно сеедно кој е на власт се додека гледам дека таа власт и таа влада се грижи за својот народ. Не знам како е кај вас, но мислам дека не сме толку политички зрели, сметам дека немаме толеранција, немаме слободни медиуми, слобода на изразување, едноставно немаме простор каде би слушнале поинакви мислења, а тоа веднаш да не биде сфатено како некаква критика на власта. Јас растев во социјализам и многу убаво растевме. Растевме во Југославија и тоа беше многу убава земја. Родителите добиваа станови од претријатијата за кои работеа, тоа беа тогаш државни фирми, се сеќавам дека здравствените домови беа чисти, лекарите насмеани, факултетите беа бесплатни и тоа како успех имаш на училиште одлучуваше какво место добиваш на листата на факултет, а не дали имаш пари да платиш или не. Тешко е од таков социјализам да се премине во овој премин, не знам веќе каде сме-квази неолиберален капитализам. Тешко е затоа што сите ние сме некако така воспитувани- дека сите сме еднакви и јас во тоа верувам. Верувам дека секоје човечко суштество треба да има еднакви можности и дека треба да се почитува секој човек, порача Катиќ.
Comments are closed for this post.