Продавниците во Словенија во недела и за време на празници ќе бидат затворени, одлучија пратениците во Парламентот.
Во оваа земја се гласаше за измените во Законот за трговија, и гласаа 72 од 88 пратеници.
Забраната се воведува со ретки исклучоци. Од оваа забрана се изземени продавниците со простор до 200 метри квадратни на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и болниците.
Прашањето дали продавниците треба да работат во недела, ја мачи јавноста во Словенија веќе со децении. Со оваа проблематика се занимаваше Уставен суд, а во септември 2003 година граѓаните беа прашани и на референтум.
Comments are closed for this post.