Шилегов: Ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014

29.09.2020 / 14:59


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014.

Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како институции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземет, а тоа е да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на паркингот за велосипеди.

Тој додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект, но очекува да почне да се работи попосветено на ова прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Хроника

Груби е во Приштина, пуштил и брада?

пред 3 дена
Хроника

Предовогодишно: Сокол оди во затвор, кривична за Крмзов

пред 2 недели
Хроника

Потресни сведоштва за случувањата во „Пулс“

пред 2 недели
Хроника

Kaмерите на Сејф сити ќе толерираат до 56 километри на час

пред 2 недели
Хроника

Тошковски задоволен од тест-периодот на „Безбеден град“, намалени сообраќајките и забавено возењето

пред 4 недели
Хроника

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс

пред 1 месец
Хроника

Спасовски не ја одзел навремено лиценцата на Станицата во која технички преглед правеле и автобусите на „Беса Транс“

пред 1 месец
Хроника

Kривична пријава за Оливер Спасовски

пред 1 месец
Хроника

Продолжува судењето за пожарот во Кочани со воведни зборови на обвинетите

пред 1 месец
Хроника

Нема веќе престројување како ви текне, пет метри пред семафорот, ќе има казни

пред 1 месец