Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, со триумф се врати на стадионот „Олд Трафорд“ во Манечестер, првпат откако летово дојде во екипата на Јувентус. Роналдо не постигна гол, но учествуваше во акцијата од којашто падна единствениот погодок на средбата. Стрелец беше Аргентинецот, Паоло Дибала, кој само натрча на лошо избиената топка по нафрлувањето од десно токму на португалскиот ас.

Овој триумф од 1:0 против Манчестер јунајтед беше третиот во исто толку натпревари за „Старата дама“ во овогодинешното издание од Лигата на шампионите, со што веќе може да се каже дека италијанската екипа обезбедува место во осминафиналната фаза од најелитното клупско натпрерварување во Европа.

Резултати од останатите средби:

Јанг Бојс – Валенсија  1:1

АЕК – Баерн Минхен  0:2

Ајакс – Бенфика  1:0

Реал Мадрид – Викторија Плзен  2:1

Рома – ЦСКА Москва  3:0

Шахтјор – Манчестер сити  0:3

Хофенхајм – Лион  3:3