СДСМ во недостиг на ефикасни економски мерки ја манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза.
Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие падот на БДП кој е најнизок во историјата на државата, -12.7%.
Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани.
Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, денот го поминуваат со помалку од 50-тина денари.
Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7.4%.
Реалноста која СДСМ ја донесе на македонските граѓани веќе се чувствува.
. Наместо нови инвестиции, СДСМ донесе повеќе криминал и корупција во Македонија. На граѓаните не им се потребни стерилните соопштенија на СДСМ, сиромаштијата ја почувствуваа, стои во соопштението на партијата.
Comments are closed for this post.