Опозицискиот лидер Мицкоски од прославата на 23 октомври, со порака до пратениците, наместо да формираат комисии за помирување, да донесат закон за амнестија на сите од 27 ми април.
Имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта, и дел од платениците влегоа со лични аранжмани со власта надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот.Господа не е залажувајте, не е во прашање лично убедување туку вашиот личен интерес. И како ВМРО-ДПМНЕ не можам да толерирам тоа да се случува.Не ја замајувајте јавноста со некакви комисии и форуми за помирување. Слушајте ме добро ваму, ајде донесете закон за амнестија на сите од 27 ми април , за да има неселективна правда, а не само за оние кои вам ви слугуваат. Дел од структурите кои се опфатени со прогонот на власта решија да одиграат валкана работа за оваа власт. Мене ме обвинуваа дека се борам и барам амнестија, а сега кога тие тоа го предлагаат било простување изјави Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на процесот на европеизација на Македонија кој рече дека тоа е прашање на внатрешната политика која ќе се огледа во надворешната политика.
Да го промениме системот по европски стандарди да бидеме дел од ЕУ и НАТО е нашата цел . Народот секогаш победува, Македонија мора напред со принципи, мудрост и храброст. ВМРО ДПМНЕ од секој предизвик ќе излезе поцврста и поуспешна, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.