Владата на Сојузна Република Германија му донираше на Министерството за здравство на Република Северна Македонија осум респираторни машини марка како поддршка за македонските клиники, соопшти Гераманската амбасада во Скопје.

Оваа донација e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан во справување со пандемијата од Ковид 19.

Вкупната вредност на донацијата е околу 233.000 евра, а се имплементираше преку германската Сојузна агенција за цивилна заштита THW.