Уставниот суд донел одлука за отфрлање на Иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата за укинување на Законот за укинување на правата и привилегиите на поранешните претседатели на државата Република Македонија, дознава Економски лидер.
Антикорупционерите ја поднесоа иницијативата, откако проценија дека поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов плаќа превисока кирија од околу 1.700 евра за ангажираните простории во Џефахир. Дури по реакција на новинарите, антикорупционерите се поправија, па на Иванов го додадоа исто така екс-претседателот Бранко Црвенковски, кој плаќа дури и поголема кирија за своите простории.
Интересно е што ова претставува трет неуспех на антикорупционерите во „пресметката“ со поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
На ова, прво, му претходеше и неуспешна постапка пред Управниот суд, што исто така ја поведе Антикорупциската комисија.
Антикорупциска поведе постапка и за имотот на Иванов, кој според нејзините членови, наводно бил нелегално стекнат. Станува збор за стан, што Иванови го купиле во текот на мандатот на екс-претседателот.
Но, антикорупционерите и тука киксираа. Како што дознава Економски лидер, Управата за финансиска полиција, на барање на ДКСК спровела истрага за наводно незаконско потекло на имот на Иванов и констатирала дека нема никаква нрзаконитост во стекнувањето на нивниот стан. За ова Управата за финансиска полиција ги известила и Обвинителството за организиран криминал и ДКСК.
Comments are closed for this post.