Нема назад, ние тргнуваме! Денеска сме овде и протестираме за социјална тема, тоа е покачената цена на електрична енергија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред зградата на Регулаторната комисија.
Овде во оваа зграда, овде предводени од човекот кој е гласноговорник на Зоран Заев во енергетиката, кога зборува Зоран Заев зборува овој човек кој е тој? Еве го!, рече Мицкоски покажувајќи слика од претседателот Беслимовски.
Овој човек е независниот регулатор. Ова е човекот кој прославува во седиштето на СДСМ, а потоа ја кодоши државата, ја кодоши опозицијата, го кодоши сопствениот народ! Овој е човекот кој потпиша зголемување на цената на електрична енергија на 7,5%. Ова е човекот кој брцна во џебот на овој осиромашен народ. Ова е слугата на мафијата. Овој човек има има и презиме и се вика Марко Беслимовски, запаметете го убаво! рече Мицкоски
Comments are closed for this post.