Македонија вечерва одигра 1-1 против Грузија на гостински терен во Лигата на нации.Во Тбилиси се виде дека Грузија не е ништо посебно а тоа е особено важно што доколку го совладаме Косово тие ќе ни бидат противник за пласман на Европското првенство.
Македонија на мечот тргна лошо и во 30-та минута Грузија поведе со 1-0 по правилно досудениот пенал што го направи Алиоски. Сепак, брзо вративме со голот на Стефан Ристовски по одличната асистенција на Пандев.
Во второто полувреме двете репрезентации како да се чуваа и беа задоволни со бодот во второто коло од Лигата на нации.
Comments are closed for this post.