Шефот на државата рече и дека би сакал да се остварат очекувањата на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров дека за шест години би ги завршиле преговорите со ЕУ и оти во мандатот на оваа влада ќе бидат затворени 80 отсо од поглавјата, но предупреди и на проблемите што не очекуваат на тој пат.
– За жал ЕУ објективно се затвора се повеќе и повеќе. Како некоја земја влегува тој процес се продолжува. Хрватска која последна влезе во ЕУ преговараше седум години, Србија е во седмата, а Црна Гора во деветата година од преговорите. Не се гледа крајот на преговарачкиот циклус. Сега има и нова методологија, изјави Пендаровски и повика на национален консензус и собирање на сиот ум во земјава за успешни преговори со ЕУ.
Comments are closed for this post.