Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се руши по истиот метод како поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, анализира „Република.рс“.
Најголемата сличност е што и двајцата имаа противници поддржани од Западот кои се криеја или кријат во соседни земји. Тоа го правеше Зоран Ѓинѓиќ кој долго време дејствуваше од Црна Гора, но и соперничката на Лукашенко, Светлана Тихановскаја која по избрите што ги изгуби се скри во Литванија.
И Тихановскаја и Ѓинѓиќ се правдаа дека бегаат бидејќи стравуваат за својот живот.
Другата заедничка компонента е што и Лукашенко и Милошевиќ победија на изборите но беа принудени да се повлечат и опозицијата без да ја има поддршката на народот дојде на власт.
Comments are closed for this post.