Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста дел од пратениците од коалицијата на СДСМ да ја поддржат програмата на неговата партија.
Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи ќе се обиде да формира парламентарно мнозинство изградено врз политичка филозофија, а не политички пазар.
Во одговор на политичко прашање дали во редовите на ВМРО има пратеници кои би можеле да преминат на страната на СДСМ, Мицкоски вели:
„Луѓето во кои бескрајно верувам, а кои се дел од овој парламентарен состав и се дел од пратеночката група За обнова на Македонија, не верувам дека постои таков кој ќе ја поддржи програмата којашто ќе је понуди господинот Заев“, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.