За денеска напладне е закажана конститутивната седница на новиот состав на Парламент. Најнапред ќе се бира претседател на Верификационата комисија, па потоа ќе се верифицираат  мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик, членови на Комисијата за прашања на избори и именување и избор на претседател на Законодавниот дом.

Неизвесно е дали  ќе се избере претседател на Собранието поради тоа што не е обезбедено парламентарно мнозинство. Дотогаш со Собранието ќе раководи досегашниот спикер Талат Џафери.