Во Собранието се прават последните подготовки за конститутивната седница на новиот пратенички состав.Последен рок е 4 август па се очекува таа да биде во вторник и среда.Но, наместо како досега тоа да се случува во големата сала, првата седница за новите пратеници ќе се одржи во салата  на покривот на Собранието која се наоѓа под куполата.

Веќе се поставени клупи на кои пратениците ќе седат по еден поради корона мерките, наместо како досега збиени еден до друг. Покривот на оваа сала е во стакло па се има впечаток дека се под ведро небо. Највероатно во оваа сала ќе се држат и следните седници се додека не бидат донесени нови мерки.