Денеска треба да продолжи рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“, попознат како „Рекет“. На минатото рочиште сите обвинети се изјаснија за невини и не го признаа делото за кое се теретат. Најгласен во тоа беше Бојан Јовановски, Миле кој рече дека не прифаќа на 63 години да го прават криминалец.
Боки пак со табла објаснуваше како функционирал неговиот „Меѓународен сојуз“ и оти тоа било организација со сите тела и оти работеле транспарентно.
Така не мисли обвинителката Вилма Рускоска.Таа тврди дека поседуваат докази оти парите од бизнисмените наменети за иградба на станови за стари лица, близу еден милион евра завршиле во домот на родителите на Боки.
Comments are closed for this post.