Во истражување Инсититутот за безбедност и контра тероризам “Тактикс“ од Лондон, објавени се инфорамции според кои земјите од Балканот продаваат оружје на државите од Блискиот Исток.
Според истражувањето, наменската индустрија на Хрватска и Србија, со години наназад ги снабдувала пазарите за оружје на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Според наодите на англискиот инситут присуството на екс југословенско оружје било видливо во долгогодишните граѓански војни кои се водат во Сирија, Ирак и Либија, а од сето профитирале капацитетите за производство на оружје на Хрватска и Србија.
Оваа публикација неодамна ја објави и престижниот лондонски весник „Тајмс“.
Инаку, анализата на англискиот инситут е раководена од врвни безбедносни експерти како чешкиот универзитетски професор Михаил Вит, и професорот и бриганден генерал Методи Хаџијанев. Додатно во тимот на истражувачи учестувале и неколку домашни и регионални новинари Александар Србиновски од Македонија, Војкан Костиќ од Србија и Иван Фушнер од Хватска.
Comments are closed for this post.