Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на ТВ 24 ,го праша Заев дали пред македонската јавност ќе каже дека ќе се откаже од Гоце Делчев, на што Заев одби да одговори.

На прашањето за надворешна политика Мицкоски вели дека ситуацијата е хаотична, затоа што во моментов преговараме за македонскиот јазик и за јунаците од нашата историја.

Ние никако не можеме да ги прифатиме овие две работи кои во моментов се случуваат, како да преговараме за Гоце Делчев, зошто господинот Заев на лидерската средба и последната и предпоследната не побара декларација да се донесе во парламентот која сите ќе ја подржиме.

Мицкоски констатираше дека тој побарал да се потпише Декларација од парламентот и тоа да не биде партиско прашање и да не ни се случува жица, но Заев рекол не, тоа немало да го направи.

Еве сега пред јавноста Заев нека каже теоретски дали може да прифати дека Гоце Делчев не е македонец и дали би се согласил дека нашиот македонски мајчин јазик не е македонски – го праша Мицкоски, Заев.

Заев пак од друга страна одби на одговори и рече дека истото било извртување на вистината