Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган побара од Саудиска Арабија да го открие нарачателот на убиството на Џемал Кашоги и идентитетот на локалниот дублер кој се преправал дека е новинарот на Вашингтон Пост.
Ердоган во своето обраќање пред паралментот рече дека се уште не се знае каде се крие телото на новинарот кој важеше за жесток критичар на Кралското семејство.
Без да се објаснува, турскиот претседател нагласи дека не се сомнева во искреноста на саудискиот крал Салман, но и дека не е задоволен затоа што Саудиска Арабија за убиството на новинарот окривила само неколку разузнавачи од таа држава.
Во врска со тоа, тој нагласи дека Турција бара одговори кој е нарачател на убиството, зошто зградата на конзулатот не била веднаш отворена за спроведување истрага, туку неколку дена по исчезнувањето на Кашоги, зошто се издавани противречни сооптенија во врска со случајот, како и кој е соработникот кој се преправал дека е Кашоги.
На одговорните за убиството на саудискиот новинар треба да им се суди во Турција бидејќи во таа земја го извршиле делото, предложи Ердоган.
Го повикувам саудискиот крал и неговата администрација во Саудиска Арабија да размислат за мојот предлог. Тие ќе одлучат за тоа, но мојот предлог е тој. Тоа се случи во границите на нашата држава, рече Ердоган во обраќањето пред парламентот.
Тој истакна и дека „свирепото убиство на Кашоги е навреда за целото човештво“ и нагласи дека тоа не се случило спонтано туку дека е испланирано една недела однапред.
Како што рече, за убиството на новинарот одговорни се 18 лица, од кои 15 пристигнале од Саудиска Арабија специјално за таа намена, а дека тројца се работници во Конзулатот во Истанбул во кој се случило убиството.
Journalist Jamal Khashoggi was victim of “savage murder” which was a “planned operation”, says Turkish President Erdogan, as he calls on Saudi Arabia to “bring forward those who are responsible” https://t.co/PLKnYRQ2BF pic.twitter.com/NtLw4SUYgX
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 23, 2018
Како докази, Ердоган изнесе тврдења дека недостасуваат хард дисковите на кои се чуваат снимки од безбедносните камери во конзулатот.
Саудиска Арабија по две недели негирање, изминатиот викенд соопшти дека Кашоги сепак е убиен во конзулатот на таа држава во Истанбул откако влегол на 2 октомви.
За време на обраќањето на Ердоган пред парламентот турските медиуми почнаа да ја пренесуваат веста дека телото на саудискиот новинар е пронајдено.
Comments are closed for this post.