Регионалните власти во Германија соопштија денеска дека бројот на заразени со коронавирус во најголемата кланица во Германија, во западната област Гитерсло, се зголемил на 657 лица.
Досега се тестирани 983 работници во кланицата на компанијата „Тенис“ (Toennies) во местото Реда-Виденбрик, а од нив само 326 биле негативни.
Веднаш е добиен налог за затворање на кланицата, како и карантин и тестирање на сите кои работеле во комплексот, со што околу 7.000 луѓе се ставени во изолација.
Локалните власти одлучиле од утре да ги затворат училиштата и градинките во тој регион до почетокот на летниот распуст кон крајот на месецов, но одлучиле да не воведуваат пошироки рестриктивни мерки.
Порастот на бројот на заразените во кланицата го зголеми бројот на инфицирани во тој регион над утврдениот праг за воведување вонредни мерки, а тоа е 50 новозаразени неделно на 100.000 жители
Comments are closed for this post.