Ситуацијата во САД е затегната со откривањето нови детаљи за убиството на уште еден Афроамериканец од страна на полицијата, кое се случи во саботата навачер во Атланата, Џорџија.

Викендов, пак, демонстрантите во Сиетл кои протестираат против полициското самоволие и брутаност, по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, зазедоа неколку квартови во градот и прогласија „автономна зона“.

Американската јавност е вознемирена. Додека во повеќе градови низ земјата се уште траат протести против расизмот и дискриминацијата на безбедносните служби кон црномурестото население, се случи уште еден настан сличен на насилната смрт на Флојд.

Аутопсијата на телото на убиениот Рајшард Брукс (27) укажа дека смртта настапила поради „истрели од пиштол во грб,“ кои предизвикале „повреди на органите и крварење“.

Демократскиот конгресмен од Јужна Каролина, Џејмс Клајберн, изјави дека не била потребна примена на смртоносна сила за време на средбата на полцијата со Брукс.

-Тој веќе бил претресен, не носел оружје… и избегал. Што тие мислеле, каде тој може да избега. Боже мој, ја имате неговата кола, лесно може да го најдете. Но, не, вие стрелата куршуми во неговиот грб, рече Клајберн, пренесе Њујорк тајмс.

Само час пред да биде убиен, Брукс едноставно заспал во својот автомобил на „драјв тру“ пред сендвичарата „Вендис“. Вработените забележале кола со лице кое спие во неа, и смета на пристапот на автомобилите на останатите муштерии при подигање на порачките, и повикале полиција