Една недела Владата и МНР не одговааат на нашите прашања, дали се оградуваат од ставовите на Горјан Тозија, кој на социјалните мрежи ги нарече фашисти и членови на криминален клуб , премиерот на Хрватската влада Андреј Пленковиќ, како и владејачката ХДЗ, а во група криминалци ги смести и премиерите на Словенија и Унгарија Јанша и Орбан.
И по постојаните инсистирања од наша страна, молчи Владата, молчи и МНР. Ако овие институции не се согласуваат со ставовите на Тозија, зошто не се оградат, не ги осудат , а истиот именуван владин функционер не го разрешат!?
Кој е интересот на министерот за надворешни работи Никола Димитров,кој наместо да се извини на Хрватска го штити директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија !?
Се поставува прашањето, дали молкот на Владата и МНР значи дека овие институции се согласуваат со ставовите на Тозија, односно поддржуваат фашизмот?
Нема ниту информација дали Владата ќе се извини на Хрватска, но и на Словенија и Унгарија , затоа што во своите коментари Тозија ги навреди и овие две земји.
Пред извесно време, Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, преку социјалната мрежа Твитер го сподели барањето на Антонио Милошоски македонската влада да се извини и да го разреши директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, откако тој го нарече Јанша фашист на социјалната мрежа фејсбук.
Со реакција повторно се јави и познатиот хрватски скулптор Кујунџиќ
Познатиот хрватски скулптор и активист на ХДЗ, Иван Кујунџиќ излезе со коментар и критики за ставовите на Горјан Тозија кој Хрватска ја нарече фашистичка творб, а пак премиерот Пленковиќ го стави во групата на криминалци со Јанша и Орбан. Кујунџиќ во текстот се осврнува и на познатиот актер Раде Шербеџија и на неговиот син Данило кои отворено застанаа во поддршка на Тозија.Текстот на Кујунџиќ ви го пренесуваме во целост.
Раководители и нивните гејмери, скриени во длабочината на демократските институции од минатонеделната гозба изведоа спектакл небаре се во лов на Амазонки, а не на осредни, политички важни „хадезеовски десничари “. Како тоа во Ријека не се постапувало мултимедијално и спектакуларно против „Ријечката Антифа“, доброчинител на јавни набавки, кои ја користат уметноста како медиум за своите псеудо политички акции низ проект на престол во културата кој се покажа повеќе политички отколку културен. Како не изведовте спектакл од филмски размери во во клиентелистичкото друштво околу хрватсиот аудиовизуелен центар. Оние кои го негуваат културниот Регион на чело со Хрибар, кој за „Новости“ вели дека Загреб и Хрватска ја зафатил грип од фашизам, а министерството му дава „витамини“ од милион и половина куни без тендер. Братски овие денови го поддржува во Македонија скапиот финансиски покровител и соработник Горјан Тозија, кој ја навредува Хрватска како фашистичка творба, а за премиерот Пленковиќ дека е во група на криминалци со Орбан и Јанша. Но, ова не би бил некој проблем кога не би се работело на должник кон нам пријателска држава Северна Македонија, должник кој има заедничка соработка со новиот стратег на хрватскиот аудиовизулен центар за продукција на хрватскиот игран филм Данило Шербеџија, кој милно го поддржува на Фејсбук, на кој му се придружи и неговиот татко Раде Шербеџија. Каде што Данило застана Раде продолжи и и извикна на Тозија: Браво Медо. Еве ти ора и песни од Вардар до Триглав. Од каде на Шербеџија толку разбирање и поддршка кон Тозија за навреди кон Хрватска, а со толкав успех и и уметнички остварувања и постојана благодет и уживање во Хрватска. Татко и син на службена задача. Раководители и гејмери-пишува Кујунџиќ.
Comments are closed for this post.