На лидерската средба сите зборуваме за здравјето на луѓето, само Зоран Заев говораше за избори, откри Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на „Топ тема“.
Тој повтори дека доколку цената е да се изгуби и еден човечки живот, тогаш тој не сака да биде дел од тоа.
Она што е најважно е здравјето. Сите бевме прашани дали веруваме во институциите, и сите се сложивме дека верувавме.Нека кажат тие дали постојат елементарни услови и да немаме кампања во која ќе броиме заболени или недај боже починати. Го споменивме и пристапот на ДИК и ОБСЕ и ОДИХР. Важно е Комисијата дали може да го ажурира Избирачкиот список со луѓе кои станале полнолетни и да бидат избришани тие што во меѓувреме починале. И кога тоа ќе биде исполнето да најдеме дата која е прифатлива за сите партии.
Comments are closed for this post.