Чеда Јовановиќ кој беше дел од владата на Зоран Ѓинѓиќ открива дека поранешниот претседател на СРЈ, Војислав Коштуница планирал да го сруши хеликоптерот со кој Слободан Милошевиќ беше трансортиран најпрво во Босна и Херцеговина а потоа во Хаг.

Јовановиќ објаснува дека во 2001 година Коштуница иако имал ветено на Американците не сакал да го испорача Милошевиќ и се правдал дека тоа е работа на полицијата.

Кога му јавија дека хеликоптерот полетал Коштуница прашал „дали ова може да се сруши“. Нему му одговараше Милошевиќ мртов-открива Јовановиќ.