Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Така, Еуросупер од 95 октани ќе се продава за 54 денари, Еуросупер од 98 октани за 56 денари, а цената на еден литар дизел ќе изнесува 45,5 денари. Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 2 ипол денари а се зголемува и цената на Мазутот.
„Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50%. Иако пазарот реагира на намаленото производство, се уште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година.“ – изјавија од Регулатроната комисија.
Comments are closed for this post.