Вицепремиерот и главен координатор на кризните штабови за спречување на ширењето на вирусот Ковид -19, во пресрет на најавеното отворање на џамиите од утре, ги охрабрува верниците да не одат во џамија се додека не се стабилизира состојбата со вирусот Ковид -19.
-Немаме начин да ги затвориме џамиите. Не постои уставна и законска можност државата да затвори објекти. Тука е прашање на соработка, на договор помеѓу институциите. Јас ќе ги охрабрам луѓето да не одат, затоа што додека не сме сигурни дека состојбата е толку подобрена да може да влезе во таа втора фаза, рече Османи, при гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на ТВ 24 Османи.
Тој истакна дека одлуката за отворање на верските храмови требало да се донесе координирано, а не поединечно.
Не се координирале, појасни, ниту за настанот со литијата во Струга, ниту за отворањето на џамиите.
– Јас бев известен од страна на ИВЗ откако тие ја донесоа одлуката. Ја добив пораката после полноќ дека е донесена одлука за отворање на џамиите. Во текот на наредниот ден имав целодневен разговор со поглаварот на ИВЗ и кога видов дека нема начин да се измести таа одлука, тогаш проценив дека е најважно сега да соработуваме, бидејќи најлошо е доколку се лутиме ќе почнеме да си кажеме еден на друг нешто и секој ќе си тера по своето. Одлуката е донесена и сега да видиме што можеме да спасиме. Според нив, не може да се смени одлуката, освен ќе го цитирам поглаварот кој рече: „Доколку се влоши состојбата, може евентуално да седнат“, рече Османи
Comments are closed for this post.