Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев потенцира дека СДСМ не смее да прави притисок на институциите, ниту пак тие институции да лажираат податоци се со цел лажно претставување на ситуацијата пред граѓаните. Повеќе од јасно е дека сеуште се бориме со коронавирусот и тоа е во моментов најважната битка, бидејќи секојдневно се изложени на ризик илјадници животи на здравствените работници.

“СДСМ дрско и нечовечки сака да организира избори иако се свесни дека со тоа на ризик ќе бидат изложени илјадници животи, односно животите на луѓето кои ќе бидат во избирачките места, но и гласачите. Мора да се донесе вистинска одлука за организирање на изборите без притоа да бидат изложени на ризик граѓаните”, вели Јанушев за Телевизија 24.

Иако сме сведоци дека СДСМ никогаш не се грижело за граѓаните, овој пат се работи за човечки животи и ги повикуваме на трезвено размислување и донесување на одлуки кои нема да наштетат на граѓаните, заврши Јанушев.